Австралискиот борец со македонско потекло Александар Волкановски ќе се бори во тешка категорија во ултимејтфајт во елитната серија УФЦ и тоа во серијата 237, која ќе се одржи во Рио де Жанеиро со еден од најдобрите борци на сите времиња, Жозе Алдо.

По победата во УФЦ 232, Волкановски ги повика Алдо, Макс Холовеј и Френки Едгард, а претседателот на УФЦ, Дана Вајт очигледно го послуша и му овозможи борба со еден од посакуваните противници.

Очигледно е дека ме „туркаат“ кон погорните рангови. Ми даваат добри борби, големи борби. Гледаат нешто посебно во мене. УФЦ, мислам гледа нешто посебно“, вели Волкановски.

Волкановски има скор од 19-1, но неверојатни 16 победи во низа, а негов последен триумф му беше против Чад Мендес, по што си го зацементира местото меѓу ѕвездите во ултимејтфајтот.

Според информациите на австралиските новинари, битката ќе се одржи на 11 мај.