Познати се сите парови од осминафиналето на Светското првенство во Кина. Иако сите очекуваа финале САД-Србија тоа нема да се случи. Нивен дуел е можен, но во полуфиналето.

За тоа да се случи Србија ќе треба да ја победи Аргентина а САД да бидат подобри од Франција. Во другите двојки се среќаваат Шпанија-Полска и Австралија ќе игра со најголемото изненадување Чешка.