Фудбалерот на чилеанскиот клуб Антофагаста, Едуардо Бела, постигна два гола на натпреварот против Евертон, но тоа по што ќе остане запаметен не се головите, туку сосема нешто друго.

Бела прославувајќи го својот гол истрча до трибините, каде што се наоѓаше неговата девојка, го зема кутичето со прстенот и на сензационален начин ја запроси својата избраничка.

Таа нормално кажа да, а судијата му покажа жолт картон, но вредеше… Овој момент обајцата ќе го памтат целиот живот.

Инаку, на крајот на натпреварот не се радуваше, бидејќи неговиот тим загуби со 3:2.