Дебакл на македонскиот ракометен шампион Вардар на гостувањето против Мешков во Брест во натпревар од СЕХА лигата.

На клупата на црвено-црниите беше Билјана Црвенковска која го менуваше отсутниот Парондо. Вардарци иако заминаа подмладени сепак доживеаја неочекувано тежок пораз од 35:20.

На полувреме беше 19:9 за Мешков. Симон Разгор бее најефикасен кај Мешков со шест гола, а кај Вардар Јања Војводиќ со пет.