Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон забележа голем број на победи во рингот во текот на кариерата, а последната е забележана на 22 февруари 2003 година против Клифорд Етјен!

Животот на Етјен продолжи  и сега кога е во затвор осуден на 105-години за вооружен грабеж, киднапирање(украде автомобил со жена и нејзините деца внатре и обид за убиство на полицаец.

Во затворот пронајде нова страст – сликарството! Имаше свое студио и таму уживаше во новата љубов се додека неодамна се обидоа да го убијат.

Затоа неодамна е префрлен од еден во друг затвор, а во новата дестинација не може да слика и за тоа се жали на затворските власти.