Ракометниот клуб Вардар беше декласиран од Веспрем со 30:39 На полувреме резултатот изнесуваше 17:21.

Дибиров со осум и Дисингер со пет гола, беа најефикасни, но 78 проценти од шутевите кои Веспрем ги упати кон голот, завршија во мрежата.

Следен меч на Вардар во Лигата на шампионите е на 3 ноември дома против Мешков Брест. Се чини дека тренерската смена не делуваше во играта на Вардарци и оти нешто нештима во тимот.