Поранешниот македонски фудбалски селектор Бошко Ѓуровски вели дека имал српски корени и оти во времето на Тито им било променето фамилијарното презиме.

Нашето првобитно татковско презиме беше Стојановиќ. А по мајка му Петровиќ. Дедо ми Никола го носел тоа презиме Стојановиќ. Кога моите отидоа во Македонија се случија некои работи… како да ти објаснам… Така беше едно време… Тито и неговите соработници вршеа притисок врз народот да земе презиме по предок и на -ски се додава на крајот, наместо -иќ. Прадедо ми беше Ѓура, а потоа по него моето семејство го усвои презимето Ѓуровски-изјави Бошко за „Курир.рс“.