Лукас Подолски, 38-годишниот фудбалер кој се уште е активен во полскиот Горник Забрзе, a најголемите успеси ги постигна со Баерн Минхен, Арсенал, Интер и Галатасарај, додека во 2014 година стана светски шампион со Германија, во моментов го заслужува епитетот „крал на ќебапите“.
Културните, социјалните и деловните ангажмани на Подолски го наведоа во текот на неговата долга и успешна фудбалска кариера да почне музички фестивал, да создаде спортски центар и фудбалски турнир на славни личности со навивачите. Исто така, во 2017 година, само две години по заминувањето од Арсенал, тој го создаде својот бренд за сладолед „Ice Cream United“.
Во 2018 година го отвори својот прв ресторан за донер ќебап, кој го нарече „Мангал Донер“, откако беше инспириран од времето поминато во Галатасарај. За неколку години брендот „Мангал Донер“ се прошири низ Германија, а Подолски отвори 30 ресторани.
Подолски, кој освои 130 натпревари за Германија и постигна 49 гола, активно е вклучен во проширувањето на „Мангал Донер“.
Ако нарачате мени во Мекдоналдс, плаќате колку во моите ресторани. Или уште повеќе… Сепак, вашиот храната ќе биде сра*е, нема квалитет“, вели Подолски за својор донер.
Како што објави весникот „Сан“, со своите бизнис активности, Подолски успеал да ја зголеми својата нето вредност на повеќе од 207 милиони евра.
Comments are closed for this post.