Синоќа се одржа регионалната промоција на документарниот филм за најголемата фудбалска звезда на Македонија Дарко Панчев. Многумина сакаа да бидат видени во друштво на шампионите на Европа од 1991 година, идоли на многу деца од тоа време.
И навистина речиси целата генерација му направи чест на Дарко и дојде во Скопје. Драган Стојковиќ Пикси, Дејан Савичевиќ, Драгиша Биниќ, голманот Стеван Стојановиќ, Маровиќ, Драгиша Биниќ, како и нашите Илија Најдоски, Бошко Ѓуровски и Драган Канатларовски.
Документарецот дело н Спорт Клуб телевизија од Србија го покажа Дарко од неговото детство на улица „Пушкинова“ во Кисела Вода, почетоците во Вардар, титулата 1987 година, преминувањето во Црвена Звезда и станувањето на европски и светски шампион, преминот во Интер како и настапите за македонската и репрезентацијата на Југославија.
Comments are closed for this post.