Денеска во Хотел Александар палас, со почеток во 20 часот, ќе се одржи промоција и светско премиерно емитување на документарниот филм посветен на нашата гордост и фудбалска легенда, Дарко Панчев.

Ова е филм за подемот на македонскиот спортски бренд Панчев до европскиот и до светскиот трон, со многу сведоштва и лични импресии од времето на неговата кариера.

Под генерално покровителство на Универзитетот Скопје, филмот е соорганизација и копродукција на Спорт клуб телевизија , Спортско радио 90,3 и Спорт нетворк продукција.