Пендаровски  смета дека во моментов постои многу голем јаз меѓу двата главни блока СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ што тешко дека може да се дојде до некој заеднички став по некои странични прашања, а не па по главните политички.

„По неуспешниот обид да ги соберам сите на 2 август лани, јас неодамна се обидов да ги соберам сите на заедничко следење на фудбалскиот натпревар Македонија – Португалија. И не успеав. Од ВМРО-ДПМНЕ ми рекоа дека веќе имале договорено на друга локација“, рече Пендаровски.