Воведување на шахот во училишната настава од следната учебна година беше тема на разговор на денешната средба на раководството на Шаховската федерација на Македонија предводена од претседателот Саша Богдановиќ сижо преттсавници на Министерството за образование и наука.

Првиот човек на Шаховската федерација изрази задоволство од разговорите и изрази надеж дека иницијативата би можела да се реализира од септември.

– На состанокот во Министерство за образование и наука добивме поддршка и насоки за следните чекори што треба да ги преземеме и на кои начини може да се воведе шахот во училиштата во прво, второ и/или четврто одделение. Се надеваме на добри вести од септември, објави вечерва Богдановиќ на социјалните мрежи