Враќањето на Енди Мареј на тенисот предизвика необичен пресврт, бидејќи неговиот партнер од двојки, Фелисијано Лопез се соочува со тврдења во шпанските медиуми за наводен скандал за местење натпревари на Вимблдон.

Поранешниот светски број 1 ќе се состане со шпанскиот ветеран во среда попладне во „Квинс парк“, што ќе биде негов прв натпревар, откако кон крајот на јануари му беше направена операција на колковите.

Но додека се зборува за неговото враќање, весникот „Ел Конфендисијал’ повикувајќи се на извори од операцијата „Оикос“ која ги истражува корумпираните елементи во Ла Лига и Секунда дојде до документи кои истрагата ја прошируваат и во тенисот.

Поранешниот фудбалер Карлос Аранда е еден од обвинетите во целата афера, а во снимените телефонски разговори кои се објавени се споменува мечот во двојки на Вимблдон во 2017 година.

Тогаш Фелисијано и Марк Лопез изгубија од Патрик Смит и Мет Рид со 3:6, 7:6, 6:2, 6:4. После изгубениот прв сет коефициентот на Рид и Смит забележа голем скок.

Марк Лопез демантира било каква вмешаност во местење натпревари.

„Немам што да кажам, мислам дека никој нема право да ги валка нашите имиња на таков начин“, порача Лопез.