Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари, изрази желба во летниот трансфер прозорец клубот да се засили со Мауро Икарди од Интер и Маркињос од ПСЖ.

Поголема е веројатноста Икарди да дојде во Јувентус поради одлуката на Интер да го стави играчот на трансфер листата.

За ангажирање на Маркињос пречка е неговата висока плата. Тој во Париз заработува 10,2 милиони евра годишно.

Во сезоната 2018/19, Мауро Икарди одигра 37 натпревари за Интер, постигна 17 гола и забележа пет асистенции.

Маркињос настапи на 44 натпревари за ПСЖ, постигна четири гола и направи две асистенции