Македонската фудбалска репрезентација на полувреме води со 3:1 против селекцијата на Лихтенштајн, со што е многу блиску до нов триумф во Лигата на нации.
Момците во црвени дресови апсолутно доминираат на теренот предводени од капитенот, Горан Пандев, кој учествуваше во трите голови. Го постигна третиот, а при првиот и вториот асистира до Александар Трајковски.
Единствен момент на пад на концентрација на нашата селекција се случи во 37 минута кога Сејхан Јилдиз намали на 3:1.
Comments are closed for this post.