Македонската фудбалска репрезентација е повторно во мода.Може да се каже дека ова е Европска Македонија. Убедлива победа против Лихтенштајн 4-1 за чекор поблиску до плеј офот во Лигата на нации.

Офанзивната тактика на селекоторот Ангеловски се покажа успешна.Нашата репрезентација постојано напаѓаше преку Нестороски, Алиоски, Трајковски и лидерот на овој состав, капитенот Пандев.

По овој триумф Македонија треба да остане непоразена на следниот меч во вторник во Ереван за сигурно прво место во групата, особено што Ерменија денеска загуби на домашен терен од аутсајдерот Гибралтар.