Овој натпревар ќе остане во вечно сеќавање во мојата кариера, во мојот живот, бидејќи направивме нешто што цела Македонија ја направивме горда, среќна. После 30 години едноставно играме на едно големо натпреварување, на ваков амбиент, на вакви стадиони. Мислам дека оваа генерација заслужи да игра, изјави Горан Пандев.
Не само на овој меч, туку и на почетокот на ова Европско првенство работеа емоциите, но ова навистина беше посебен натпревар, 100% не бев фит, подготвен, играв со повреда, инјекции, но преголема беше кај мене желбата да го одиграм овој натпревар. Се заблагодарувам на сите, на селекторот, на сите мои колеги, на сите што беа со нас овие 20 дена, овие 20 дена кои ќе останат во вечно сеќавање – се зборовите на Пандев за uefa.com
Comments are closed for this post.