Факт е дека направивме успех,  емоциите владеат и се тоа стои, но жал ми е што квалитетот на репрезентацијата не успеа да дојде до израз, но што е тука е. Сакам да им се заблагодарам на Пандев, Тричковски, Велкоски, горд сум на оваа генерација и овој селектор со кои испишавме историја, искрен е Стефан Ристовски.

– Ова е турнир каде што играат најдобрите репрезентации, се бара максимална концентрација и комуникација во играта. Не сме толку искусни како другите, ова се големи натпреварувања и бараат перфектни 90 минути. Ние немаме сила да одиграме 90 минути како што треба, но сега не треба да застануваме, туку да одиме напред. Ни претстои одмор, а потоа почнуваме со нови сили, -порача Ристовски