Шансите италијанскиот фудбалски гигант Јувентус да избори место во Лигата на шампиони следната сезона се сведоа на минимум, откако судот синоќа го казни со одземање десет бодови поради финансиски малверзации, а само неколку часа подоцна клубот од Торино претрпе висок пораз на гостувањето кај Емполи (1-4).
На две кола до крајот на сезоната во Серија А, Јувентус сега е седмопласиран на табелата со 59 бодови, пет помалку од Милан на четвртото место кое обезбедува настап во Лигата на шампиони.
На Јувентус првично му беа одземени 15 бодови поради финансиски малверзации, а откако клубот поднесе жалба бодовите му беа вратени до завршување на новата постапка.
Жалбениот суд на Фудбалската федерација на Италија синоќа ја соопшти конечната одлука и со одземените десет бодови ги искомплицира шансите на Јувентус за место во Лигата на шампиони.
Во претпоследното коло Јувентус ќе му биде домаќин на Милан.
Comments are closed for this post.