Поранешниот голгетер Предраг Пеѓа Мијатовиќ и дизајнерката на Елена Караман пред неколку години ставија точка на бракот, а нивната турбулентна врска беше проследена со многу шокантни семејни настани.

Пеѓа поискрено од кога било, проговори за врската со ќерката на модната дизајнерка Верица Ракочевиќ, а откри и што довело до пропаст на нивната голема љубов.

– Не знам дали им го скршив срцето на многу жени, мислам дека не. Вообичаено, фудбалерите поради начинот на живот и брзото созревање се одлучуваат на чекорот да се венчаат и да создадат семејство уште на многу рана возраст. Тоа беше случај со мене. Се оженив, добив дете и се фокусирав на кариерата. Можеби кога би можел повторно да се вратам, веројатно не би направил такво нешто – изјави Мијатовиќ.

 

Предраг и Елена се венчаа во средината на деведесеттите, а станаа родители на два сина Лука и Андреј. За жал, Андреја беше роден со церебрална парализа и почина во 2009 година на 14-годишна возраст. Нивниот втор наследник живее во Америка.