Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо живее навистина на висока нога. Тој на сите приватни патувања лета со својот луксузен авион ‘Gulfstream G200 Galaxy“.

Тоа е летало кое се користи за кратки патувања низ Европа за максимум 6 патници. За него издвои дури 19 милиони долари.

Роналдо и Георгина со авион пристигнаа  во Дубровник каде одмораше неколку денови откако неговиот Јувентус беше елиминиран од Лигата на шампионите.