Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, навести голема чистка на првиот тим во текот на летото.

Норвежанецот, кој ги презеде „црвените ѓаволи” како привремен менаџер, но си освои постојан договор, не сака да гледа играчи, кои се водени само од идејата за пари и слава.

Потребни ни се добри играчи со вистински став за работа. Целиот мој живот верувам токму во тоа, дека успехот доаѓа кај луѓето со правилна поставеност. Играчи кои мислат само за пари или слава не се погодни не само за Јунајтед, туку и за секој друг клуб под мое водство. Слична ситуација ми е позната и во мојата работа во Кардиф и Молде. Ми требаат играчи кои ги делат моите вредности, а не оние кои дојдоа кај нас само затоа што ќе добијат 20 отсто повеќе, рече Солскјер.

Кон излезот на „Олд Трафорд” се упатени, според различни публикации на Островот, имиња како Андер Ерера, Хуан Мата, Антонио Валенсија, кои си заминуваат на слободен трансфер, а на други ќе им бидат барани нови клубови.