Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ Ѓоковиќ најверојатно нема да се натпреварува на мастерс-турнирите во Индијан Велс и во Мајами, откако му беше одбиено барањето за изземање од американските прописи за вакцинација, односно за посебна дозвола за влез во САД.

Американските сенатори од Флорида, Рик Скот и Марко Рубио испратија писмо до претседателот на САД, Џо Бајден, со барање да му дозволи на Ѓоковиќ да игра на турнирот во Мајами.

Штотуку ме информираа дека Министерство за домашна безбедност на САД го одби барањето на Новак Ѓоковиќ за ослободување од вакцинација, што го прави неподобен за турнирите во Индијан Велс и во Мајами. Џо Бајден сега мора да го поправи тоа, да даде изземање и да му дозволи да се натпреварува во Соединетите Американски Држави, напиша Скот на Твитер.

Турнирот во Индијан Велс е закажан од 6 до 19 март, додека во Мајами се игра од 19 до 2 април. Гранслем-турнирот САД Опен е на програмата од 28 август до 10 септември, па српскиот тенисер и неговиот правен тим ќе имаат време да се борат за настап во Њујорк.