Легендарниот германски кошаркар, Дирк Новицки, кој по крајот на сезонава замина во пензија, одлучи на оригинален начин да се поздрави со кошаркарските фанови.

Новицки мина 21 сезона во еипата на Далас маверикс во НБА лигата и во тоа време стана можеби најдобриот играч во историјата на клубот, што го предводеше и до титулата во сезоната 2010/2011 година.

Во текот на годините, Новицки стана вистинска миленик на кошаркарската публика, а за безрезервната поддршка што ја добиваше од фановите Германецот да објави оглас на цела страница во весникот „Далас морнинг њус“, во кој ја искажува својата почит и благодарност до навивачите на Далас, коишто секогаш го поддржуваа во текот на неговата кариера.

Далас. 21 сезона. Една екипа, еден дом. Нема статистика, рекорд или награда што ми значат повеќе. Освоиме НБА титула заедно. Од моментот кога пристигнав во Далас, почнувајќи ја борбата за успех, ме поддржувавте, ме кревавте кога ми беше тешко, ме поттикнувавте да работам понапорно. Толку многу спомени, истории, коишто не се мои, туку наши. Ова не е збогум. Ова е благодарам за навивачите на Далас, од дното на моето срце, што прифативте едно момче од Њурцбург и го трансформиравте во еден од вашите. Ќе ми недостасува да играм, но очекувам дека ќе отворам ново поглавје заедно со вас. Секогаш ќе ви бидам благодарен, ќе бидам ваш и засегогаш ќе останам играч на Далас маверикс – напиша Новицки во поздравот до фановите.