Бразилецот Нејмар веќе на трети натпревар сезонава со свој гол му носи минимална победа на Пари Сен Жермен во француската лига, но и понатаму навивачите на клубот се против него.

Фановите никако не можат да му простат што цело лето се обидуваше да си замине и да се врати во Барселона. Тие вербално го навредуваа, истакнуваа навредливи транспаренти против Нејмар, но страстите можеби полека ќе почнат да се смируваат.

– Мојот однос со навивачите е како со жена. Некогаш се карате, па одредено време и не зборувате. Сепак, со љубов и посветеност, сè се враќа во нормала. Тука сум за да му помогнам на тимот и ќе го дадам и својот живот на терен, изјави најскапиот фудбалер на светот.