Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар е голем љубител на тетоважите, но и на стрипот, па така Бразилецот одлучи да ги спои тие две пасии во едно.
За својата најнова тетоважа, фудбалерот на ПСЖ одлучи да го прекрие речиси целиот грб со мастило, при што на левото рамо го наслика Спајдермен, додека на десното свое место доби Бетмен.
Тетоважата ја изработи уметникот Тиерес Паим, кој на социјалните мрежи се пофали дека го тетовирал Нејмар, за време на партија покер.
Comments are closed for this post.