Силното крило на Детроит пистонс, Блејк Грифин, го одигра најдобриот натпревар во својата кариера. На натпреварот против Филделфија севентисиксерс, Грифин постигна, рекордни за него, 50 поени, на кои им придодаде и 14 скокови и шест асистенции. Како заокружување на одличната вечер, Грифин, на 1,8 секунди до крајот на продолжението реализира кош со дополнително слободно фрлање за победа на неговата екипа од 133-132.

Со постигнатите 50 поени, Грифин за три го подобри својот претходен личен реализаторски ефект, а со 28 поени постигнати во првото полувреме го надмина и клупскиот рекорд за најмногу постигнати поени во полувреме. Тој стана шестиот играч на „пистонси“  што ја надминува границата од 50 поени. Последен со таков ефект беше Ричард Хамилтон, кој постигна 51 поен во 2006 година. Останатите со такво постигнување се Џери Стекхаус, Кели Трипуцка, Дејв Бинг и Џорџ Јардли, кому такво нешто му успеаа во два наврата.

Истовремено, со остварени 50 поени, 14 скокови и шест асистенции, Грифин стана деветиот кошаркар во историјата со таков ефект. Вилт Чемберлен постигнал таков успех 12 пати, Рик Бери и Елџин Бејлор по петпати, Карим Абдул-Џабар четирипати, Мајкл Џордан трипати, додека Боб МекАду, Џејмс Харден и Расел Вестбрук по еднаш.

Резултати од натпреварите

Њу Орлеанс – ЛА Клиперс  116-109

Денвер – Сакраменто  126-112

Детроит – Филаделфија  133-132 (прод.)