Голманот на Црвена звезда, Милан Борјан, одбрани пенал во 76 минута, со што помогна неговата екипа да не си замине од Ливерпул со пет голови во мрежата. Тоа сепак, е мала утеха за „црвено-белите“ коишто втор меч по ред во Лигата на шампионите доживуваат „голеда“.

На овој дуел, белграѓани се обидоа да одиграат релативно храбро и со игра да му се спротивстават на вицешампионот на Европа, но „црвените“ покажаа дека се за класа-две подобар тим.

Предводник на тимот од „Енфилд“ беше Египќанецот Мохамед Салах, кој постигна два гола, по еден во финишот на првото и на почетокот на второто полувреме, додека другите два гола беа дело на неговите партнери во напаѓачката тројка, Роберто Фирмино и Садио Мане.

Во другиот натпревар од оваа група, во Париз ПСЖ и Наполи одиграа нерешено, 2:2.

Резултати од останатите натпревари:

Барселона – Интер  2:0

ПСВ – Тотенхем  2:2

Борусија Дортмунд – Атлетико Мадрид  4:0

Клуб Бриж – Монако  1:1

Галатасарај – Шалке  0:0

Локомотив Москва – Порто  1:3