Навивачите на Ден Хаг го одбележаа изминатото коло од холандското првенство. Тие буквално им ја „украдоа славата“ на сите актери на теренот, а нивниот гест се прераскажува и споделува на друштвените мрежи.

Фановите на Ден Хаг гостуваа во Ротердам, а пред почетокот на натпреварот се случи настан кој го обиколи светот. Навивачите на гостите им фрлија стотици плишани играчки кон долната трибина, каде се наоѓаа млади заболени од рак.

Децата организирано пристигнале од локалната болница, а Феенорд и сите на стадионот им приредија дочек за паметење. Ваквиот гест е втор за навивачите на Ден Хаг на стадионот во Ротердам, а минатата сезона истото го направија и навивачите на прволигашот Екселзиор.