На навивачите на Партизан им е забранет влез во Молдавија од безбедносни причини. Ова е на барање на претседателката на земјата Маја Санду,  која  ги обвини граѓаните на Србија дека можат со субверзивни акции да предизвикаат немири во нејзината земја.

– Рускиот план за преземање субверзивни акции на територијата на нашата земја не е нов. Минатата есен имаше обиди за дестабилизација, но не успеаја да ги постигнат своите цели благодарение на интервенцијата на нашите безбедносни и јавни институции.За следниот период се планирани акции со вклучување на саботери со воена обука, камуфлирани во цивилна облека, кои ќе вршат насилни акции, ќе напаѓаат државни објекти и ќе земаат заложници. Промената на власта во Кишињев би била изнудена преку насилни акции, маскирани како протести на таканаречената опозиција. На пример, материјалите содржат упатства за влез во Молдавија за државјани на Руската Федерација, Белорусија, Србија и Црна Гора. Ве уверувам дека државните институции работат на тоа да спречат вакви предизвици и да ја држат ситуацијата под контрола.

Поради оваа изјава на Маја Санду во која без аргументи и факти ги обвини граѓаните на Србија, на навивачите на Партизан им е забранет влез во Молдавија.

Затоа 12 црно-бели симпатизери, од кои четири жени, се уште се приведени на аеродромот во Кишињев, во одделот за депортација.