Дамир Дадо Михајловиќ од Нови Сад е претепан и избоден со остар предмет пред една кафетерија во центарот на градот.
Спортистот е зет на пејачката Наташа Беквалац, а како што се гледа на снимката, прво е брутално претепан, а кога заврши на подот, еден од мажите кои учествувале во тепачката му пришол и како се претпоставува го избодел со остар предмет.
Михајловиќ е поранешен шампион во СБЦ организацијата, еден од првите ММА борци, признат на меѓународно ниво.
Тепачката настанала по вербална расправија со напаѓачот кој седел на соседната маса, а завршила пред локалот каде се придружиле уште двајца мажи кои откако го срушиле на земја и го избоделе по нозете и избегале.
Итната помош веднаш го префрлила во Ургентниот центар Војводина, а веднаш потоа бил пуштен на домашно лекување.
Денеска се појави и снимка од тепачката.
Comments are closed for this post.