Почетокот на натпреварите во Лигата на шампионите значи почеток на борбата на 32 екипи за најпрестижниот фудбалски пехар во Европа, но истовремено и за добивање што поголем дел од финансискиот колач предвиден од УЕФА. А, европската куќа на фудбалот годинава ќе подели рекордни 2,04 милијарди евра премии за учеството во најелитното клупско натпреварување.
Од овие пари, 25 проценти ќе бидат за учество, триесет проценти од парите ќе бидат поделени врз основа на постигнатите резултати во текот на турнирот, 15 проценти според „Маркет пул“ рангирањето и останатите 30 проценти според ранкинг на резултатите и титулите во европските натпреваеувања во последните 10 години.
Парите што ќе бидат поделени за учество, годинава се зголемени за 53 проценти, а тоа значи дека годинава сите екипи учеснички ќе добијат по 15,25 милиони само за тоа односно сите екипи учеснички ќе добијат по 15,25 милиони за то што избориле плсман во Лигата на Шампионите. Овие пари, иако за најголемите клубови не се од преголемо значење, сепак, за клубови како Црвена звезда, Динамо, Славија Прага, Аталанта … и тоа како се добредојдени за нормално функционирање.
Друг критериум според кој клубовите ќе добиваат финансиска награда се постигнатите резултати. Така, секоја победа во групната фаза ќе носи 2,7 милиони, а секое реми по 900 илјади евра. Пласманот во осминафиналето носи 9,5 милиони, четврт-финалето 10,5, а влезот во полуфиналето значи заработка од 12 милиони евра. На крај, од двата финалиста, поразениот ќе добие 15, додека шампионот 19 милиони евра.
Концептот „маркет-пул“ на екипите им носи 292 милиони евра. Тоа е систем кој ја одредува сумата што ја добиваат клубовите од секоја држава, според вредноста на телевизискиот пазар за Лигата на шампионите. Тоа е се посебни цифри за секоја држава и таа сума се дели меѓу екипите учеснички во Лигата на шампионите. Така на пример, предвидените пари за Шпанија или Англија се делат на четири екипи, додека тие за Франција на три, поради три француски претставнички на турнирот.
Притоа, предвидените пари од „маркет-пул“ се делат на два дела. 50 проценти се дели според бројот на одиграни натпревари, додека другата половина зависи од пласманот на секоја екипа во домашното првенство. Првопласираната екипа добива 40%, втората 30%, третата 20% и четвртата 10%.
Ранкингот на коефициентите е принцип на поделба на пари што УЕФА го воведе пред една сезона. Овој критериум се базира врз резултатите и титулите што секој клуб ги имал во последните 10 сезони и вреди вкупно 585 милиони евра. Парите се делат според принципот наречен „Квота на коефициенти“ на тој начин што секоја квота вреди 1,1 милион евра. Екипата со најмал ранкинг ја добива оваа квота, а секое наредно место на ранконгот се зголемува за истата сума. Така, Реал Мадрид, кој е првопласиран на ова рангирање ќе добие 32 квоти, односно 35,2 милиони, второпласираната Барселона ќе добие 31 квота, односно 34,1 мили9он и така натаму.
Comments are closed for this post.