Шпанецот Рафаел Надал се пласира во второто коло на Гренд слемот УС Опен, откако ноќеска во три сета го надигра Австралиецот Џон Милман.

Вториот носител на турнирот во Њујорк првиот сет го доби со 6:3, а во следните два на противникот му препушти по два гема.

Покрај Надал, ноќта меѓу вторник и среда од носителите победи забележаа уште и Ник Кирјос и Гаел Монфилс.

Вкупниот награден фонд на УС Опен изнесува 57,2 милиони долари.