Големо интересирање владееше за прес конференцијата на Жозе Мурињо.“Специјалниот“ покажа дека е вистински господин и ја пофали Шкендија како и гостопримството на домаќините.
Шкендија е добар тим кој игра со различен интензитет од нашиот. Стартувавме силно и мислевме дека го имаме натпреварот, но тогаш тие постигнаа гол и беше навистина тежок натпревар. Сепак, моите фудбалери добро реагираа и на крајот стигнавме до победа. Одличен тим со одличен тренер. Одлично организирани“, изјави Мурињо.
Comments are closed for this post.