Голем дел од заработката светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ ја вложи во недвижнини. Па така, Ноле им апартмани во Монте Карло, Њујорк, Мајами, Белград и во Тиват.

Најголем дел од времето го минува во Монако кое е и негово официјално живеалиште.

Семејството Ѓоковиќ ужива да поминува по неколку недели и во апартманот на Менхетен кој има површина од 185 метри квадратни и изобилува со луксуз.

Кога е дома Ноле сака да биде во својот стан во квартот „Белград на вода“, а пак во Црна Гора има стан во Тиват.