Една од најдобрите тенисерки на сите времиња Моника Селеш реши да проговори за сите проблеми што ги имала по убодот со нож во 1993 година. Оттогаш таа не била истата, психички не можела да мисли на храната и се оддала на нова страст а тоа е храната.Јадела неконитролирано и не и било важно што мислат другите.

Непријатно и било кога и велеле дека личи на сумо борач.

Храната беше мој начин да ги стишам демоните во мене.Влегував во кујна, земав кеса со грицки и кутија сладолед и седнував на каучот пред ТВ. Не знам зошто толку спасот го барав во храната.Никогаш порано не ми значела-вели Моника.

Освестувањето дошло кога тогашното момче и рекло дека е прилично „заоблена“ во половината.

 

Тогаш и светнало дека мора се промени и да почне да слабее. Почнала да јаде овошје и вредно да тренира под водство на нутриционисти и кондициони тренери.
Резултатите биле видливи на нецела година и повторно била „Малата Мо“ како што ја нарекуваа.

Денеска Моника има 48 години и мажена е за една од најбогатите Американци кој е од неа постар повеќе од 30 години.