Поранешниот фудбалер и спортски директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, смета дека Жозе Мурињо може да се врати на тренерската позиција во „Кралскиот клуб”.

Не можам да кажам во проценти колкави се шансите, но постои можност и тоа голема. Зошто  го тврдам ова? Затоа што Флорентино Перес го сака Мурињо и мислам дека го контактира секогаш кога доаѓа до смена на тренерот, изјави Мијатовиќ.

Мурињо беше тренер на Реал од 2010 до 2013 година и го освои шампионскиот трофеј во сезоната 2011/2012.

Во Лигата на шампионите, Реал под водство на Мурињо три пати беше елиминиран во полуфиналето – од Барселона, Баерн и Борусија Дортмунд.

Португалецот пред два дена доби отказ од Манчестер Јунајтед.