Антоан Гризман изгледа дека не му е по ќеиф на Лионел Меси кој новиот соиграч „не го играше“ за време на натпреварот помеѓу Барселона и Арсенал.

Меси не играше во победата против Топџиите и цел натпревар го преседе на клупа, додека Гризман беше заменет во еден момент.

Но кога излегуваше од теренот и се упати кон клупата, Французинот кон сите ја испружи раката да се поздрави како и кон Меси, кој не му возврати.

Камерата го улови тој детаљ, како и некои други, така што следеше компилација која јасно покажува дека Гризман може да ја доживее судбината на Златан Ибрахимовиќ. Барем што се однесува до односот на Меси.