Белгискиот велосипедист Бјорг Ламбрехт загина во неделата за време на трката на „Тура околу Полска“.

Дваесет и две годишниот Ламбрехт во еден момент падна на стазата така што се заби во одводен канал од бетон, а светските медиуми забележуваат дека условите за возење биле катастрофални.

Превезен е во болница, но за жал, му немало спас.

Ова е најголемата можна трагедија која можеше да му се случи на семејството, пријателите и соиграчите на Бјорг. Почивај во мир, наведе неговиот тим „Лото Соудал“.