Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер пак синоќа го забележа првиот пораз (0:2) по доаѓањето на „Олд Трафорд“. Подобри од „црвените ѓаволи“ беа фудбалерите на ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Може да се каже дека во последно време имавме неколку натпревари на ова ниво. Сè уште има многу работа пред нас. Но, не можеме да кажеме дека сè е веќе готово. Ќе се обидеме да ја подобриме нашата игра, но денес имавме враќање во реалниот свет, изјави Норвежанецот.

Капитенот на Рома, Даниеле де Роси по победата (2:1) над Порто во осминафиналето на Лигата на шампионите беше фасциниран од играта на младиот и талентиран Николо Заниоло.

Деветнаесет годишниот Италијанец постигна два гола во второто полувреме.

Заниоло е неверојатно силен физички за својата возраст, но има и неверојатна техника. Веќе е одличен играч и му прогнозирам дека ќе стане голем шампион. Знаевме дека натпреварот ќе биде тежок. Штета е што пропуштивме добра предност. Резултатот од 2: 1 не ветува мирен реванш. Сега шансите се 51:49 во наша корист, изјави Де Роси.

Реваншот на кој домаќин ќе биде Порто ќе се игра на 6 март во Португалија.