Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино е уверен дека неговиот тим може да оствари добар резултат против Борусија Дортмунд.

Двете екипи вечерва ќе се сретнат во Лондон во првиот меч од осминафиналната пресметка во Лигата на шампионите.

Не очекува дуел со лидерот во Бундеслигата. Во прашање е многу квалитетен состав кој игра сјајна сезона. Сепак, верувам во квалитетот на моите играчи. Можеме да победиме било кој противник, изјави Покетино.

Тотенхем и на овој натпревар ќе биде ослабен, без својот најдобар играч Хари Кејн и Деле Али.

Натпреварот на „Вембли“ ќе почне во 21 часот.