Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник ги сумираше впечатоците од синоќешниот натпревар со Њукасл во 19. коло на шампионатот на Англија.

Средбата заврши без победник, 1:1.

-Не сум задоволен од нашето издание. Имавме премногу неизнудени грешки, а раниот гол не ги олесни работите. Во првото полувреме наметнавме борба, во второто бевме подобри, но тоа е прашање на енергија и кондиција и треба да бидеме подобри во овие области. Имавме шанси да постигнеме гол, но и Њукасл. Добро е што освоивме еден бод, бидејќи до 71 минута бевме во негатива. Нашите перформанси треба да се подобрат, изјави Рангник за „Би-би-си спорт“.

Манчестер јунајтед по 17 натпревари има 28 бода и е на 7. место во поредокот во Премиер лигата. Њукасл со 11 бода од 19 средби е на претпоследното, 19. место