Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс, верува дека „црвените ѓаволи” на крајот на сезоната во Премиер лигата ќе бидат меѓу четирите прво пласирани.

„Верувам дека Манчестер ќе се пласира меѓу првите четири на крајот на сезоната. Се работи за инерција. Ако во овој дел од сезоната тимот има сериозна инерција, тешко е да се запре. Пред еден месец далеку изгледаше првата четворка, но сега се сменија работите. Судејќи според начинот на кој игра тимот, оваа задача е сосема изводлива. Наместо да гледаме преку рамо, гледаме нагоре, и ова е убаво“, изјави Гигс.

Манчестер јунајтед денес забележа седма победа во низа по доаѓањето на новиот тренер Оле Гунар Солскјер и се искачи на петтата позиција на табелата.