Чилеанците ќе бидат нашиот утрешен противник во дуелот за 15. место на Светското првенство, откако убедливо беа совладани од Катар со 37:27.

Катар се покажа како пресилен за селекцијата на Чиле, уште во првото полувреме водеше со десет голови разлика 21:11, на крајот победи со 37:27.

Тоа значи дека Чиле ќе биде нашиот противник во утрешниот меч за 15. место, а Русија и Катар ќе се борат за 13. позиција на Светското првенство.

Мечот меѓу Македонија и Чиле се игра утре со почеток од 13 часот.