Манчестер јунајтед го отпушти Жозе Мурињо по дбаклот против Ливерпул на Енфилд (3:1), соопштија од клубот на Олд Трафорд.
Јунајтед уште од почетокот на сезоната игра лошо, заостанува 11 бода зад четвртопласираниот Челзи на позицијата која води во Лигата на шампионите, а дури 19 зад лидерот на табелата Ливерпул.
„Црвените ѓаволи“ добија само седум натпревари од 17 во Премиер лигата, само една победа во последните шест кола, додека во меѓувреме ремизираа со Саутемптон и Кристал Палас кој се борат за опстанок.
Освен лошите резултати, Мурињо од летово е во лоши односи со потпретседатлот Ед Вудвард неадоволен што не му овозможи да го донсе штоперот кој го барал.
Сакаме да му се заблагодариме на Жозе на неговата работа во Манчестер јунајтед и му посакуваме успех во иднина. Клубот до крајот на оваа сезона ќе ја преземе должноста на менаџерот, додека клубот не спроведе комплетн процес за избор на нов менаџер, соопштија од Јунајтед.
Што се однесува до негов наследник, уште пред неколку недели медиумите најавуваат дека на Олд Трафорд пристигнува Зинедин Зидан, кој со Реал три пати ја освои Лигата на шампоиони.
Сезонава Португалецот влезе во конфликт со првата ѕвезда на тимот Пол Погба , заради што се шпекулираше за враќање на Французинот во Кувентус од каде Јунајтед го донесе во 2016 за тогаш рекордни 105 милиони евра.
Португалецот во овие две и пол години додека е на клупата на Јунјтед оствари 84 победи, 32 нершени и 28 порази на 144 натпревари, што е 58,8 отсто успешност, што за Мурињо е најлошо остварување од Порто, за двата мандати во Челзи, Интер и Реал.
Со најголемиот англиски клуб успеа да го освои само Супер Купот, Лига куп и Лига Европа во 2017 година.
Comments are closed for this post.