Македонската карате репрезентација освои дури седум медали на европските универзитетски игри што овој викенд се одржаа во Загреб, Хрватска.

Избраниците на селекторот Бошко Заборски изборија четири сребрени и три бронзени медали, со што се меѓу најуспешните селекции на карате турнирот на европската Универзијада во боречки спортови.

Сребрени медали освоија Петар Заборски, Сара Радическа и Моника Пендаровска во поединечна конкуренција, како и машкиот тим во борби во состав Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Роберто Ацковски и Горан Николовски.

Бронзените одличја ги освоиле Анѓела Мојсовска и Петар Спасеновски во поедничка конкуренција и женскиот тим во борби во екипна, а во состав Симона Заборска, Сара Радическа, Моника Пендаровска и Анѓела Мојсовска.