Македонија со победа го започна светското првенство во Германија. Совладена е Јапонија со 38-29. Рутинска победа на нашите ракометари која ја одржувавме предност во најголемиот дел, а во финишот тотално го сомлевме противникот.
Најдобри поединци во нашиот тим беа голманот Ристовски, капитенот Лазаров и Стоилов. Следниот меч го играме со Бахреин во недела во 14 часот.