Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ, продолжува со одличните настапи во НБА лигата. Најновиот подвиг, дебитантот на Далас маверикс го оствари на мечот против Минесота тимбервулвс кој го заврши со учинот од 29 поени, 12 асистенции и осум скокови.

Притоа, Дончиќ беше непогрешлив во последните минута ипол кога реализира три напади по ред, вклучувајќи ја и клучната тројка на 23 секунди до крајот за водство на Далас од 117-115, предност ѓто Харисон Барнс само ја потврди од линијата за слободни фрлања за конечни 119-115.

Со ваквата игра во финишот од средбата, Дончиќ стана првиот дебитант што постигнал три коша за водство во последните две минути од натпреварот, по Винс Картер, кому тоа му појде од рака во април 1999 година.

Резултати од синоќешните натпревари

Минесота – Далас  115-119

Филаделфија – Атланта  121-123

Вашингтон – Милвоки  113-106

Торонто – Бруклин  122-105

Хјустон – Кливленд  141-113

Јута – ЛА Лејкерс  113-95

Портланд – Шарлот  127-96

Голден Стејт  – Чикаго  146-109

Њујорк – Индијана  106-121