Екипата на Ливерпул го совлада Тотенхем со 2:0 со што дојде до титулата Европски шампион. Со овој триумф, „црвените“ се рехабилитираа за поразот од финалето во Лигата на шампионите минатата година.
Истовремено, Ливерпул дојде до својот шести триумф во најсилното клупско натпреварување во Европа, со што се осамостои на третото место на најтрофејните екипи во Европа, зад Реал Мадрид, кој има 13 и Милан, кој има седум титули.
Ливерпул до победата дојде со два гола, едниот постигнат во втората минута од првиот дел, што го постигна Мохамед Салах од пенал, а вториот на две минути до крајот, кога триумфот го потврди Дивок Ориги по еден корнер.
Во периодот меѓу тие два гола имаше изедначена игра, со блага доминација на Тотенхем, но без некои поголеми шанси да се промени резултатот.
Comments are closed for this post.