Вчерашниот натпревар меѓу Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите ќе остане запаметен како еден од најздодевните во историјата на ова натпреварување. Фудбалските фанови останаа разочарани што освен двата гола не видоа ништо особено.

Но, имало и други мечеви кои исто така беа здодевени. Се сеќавате ли на мечот од 2016 година помеѓу Реал Мадрид и Атлетико што во регуларниот дел заврши 1-1, но кој не даде игра игра според очекувањата. Двајцата стратези, Зидан и Симеоне претераа со тактизирањата и тоа се одрзи на квалитетот на фудбалот.

Фудбал за заспивање во 2003 година играа Милан и Јувентус кои 120 минути ја мачеа топката.

Еден од најдосадните мечеви се одигра и во 1991 година, во натпреварувањето кое тогаш се викаше Куп на европски шампиони. Играа Црвена звезда и Олимпик Марсеј и немаше ниту шанси ниту голови се до пеналите. Единственото добро од тој меч беше што пехарот го кренаа нашите Дарко Панчев и Илија Најдоски.